Делавекурас: Чекаме позитивен одговор кој ќе даде нова динамика во преговарачкиот процес

Од:

За жал, се уште немаме одговор на Меморандумот за разбирање кој Грција го испрати на Македонија, изјави денеска портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас.

– Нашиот предлог е иницијатива на Грција и чекаме јасен, позитивен одговор кој ќе даде нова динамика во преговарачкиот процес. Иницијативата е и поддршка за овој процес која ќе придонесе за големо подобрување на климата во нашите билатерални односи и уште повеќе ќе ги развие постоечките потенцијали, рече Делавкурас.

На новинарско прашање за почитување на човековите права во Грција, посебно за малцинствата, тој изјави дека „во Грција има само муслиманско малцинство и ништо друго“.

– Постојат некои организации и групи кои се обидуваат да создадат ситуации и се обидуваат да гетоизираат дел од грчката популација. Но, тие не успеваат во тоа затоа што во Грција постои хармоничен соживот во општеството кој придонесува заедно да одиме напред, изјави Делавекурас.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски