Дел од средношколците во Грција се враќаат во училишните клупи, но со негативен тест за Ковид-19

Од:

Со потврда за негативен тест за Ковид-19, направен синоќа или рано утрово, со задолжителна маска и со почитување на превентивните мерки, средношколците во Грција на возраст од 16 до 18 години денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката Влада воведе нов вид бесплатни тестови за домашна употреба (т.н. „селф“ тестови) кои од минатата седмица се достапни во аптеките, но и задолжителни за средношколците и просветните работници во пресрет на денешното отворање.

По направениот тест, резултатите се пријавуваат на специјална интернет платформа, а според информациите доцна синоќа, 0.27 отсто од тестовите се позитивни, односно пријавени се вкупно 408 заразени ученици и професори.

Поконкретно, од учениците, позитивни се 236, а негативни 98.965, додека пак од професорите и останатиот персонал во средните училишта, 172 лица добиле позитивен резултат, а 50.887 негативен.

„Селф“ тестовите за учениците, професорите, како и останатиот персонал во училиштата се задолжителни два пати седмично, односно ќе треба да ги прават или вечерта или наутро пред училиште, секој понеделник и четврток.

При негативен резултат, добиваат училишна карта, што е задолжителна за следење настава, а при позитивен резултат ќе треба да се спроведе и второ тестирање, но во здравствена институција.

Конкретните тестови, што набргу ќе бидат достапни и за сите граѓани, според грчката Влада се дополнителна алатка во борбата со Ковид-19, но и дополнителна алатка во процесот на олабавување на рестрикциите.

За секој граѓанин предвиден е по еден бесплатен тест седмично, во следните два месеци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски