Давутоглу: Вкупно 74 Турци се убиени во инциденти на границата со Сирија

Од:

Седумдесет и четири турски граѓани се убиени во инциденти во турски окрузи на границата со Сирија, соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, објави весникот „Хјуриет дејли њуз“.

Давутоглу во одговор на прашање на заменикот претседател на главната опозициска Републиканска народна партија (НРП) Сезгин Танруклу, изјави дека турските граѓани што живеат во пограничните со Сирија региони, се соочуваат со опасност поради граѓанската војна во оваа земја.

Вкупно 74 граѓани се убиени, а 337 Турци се повредени од залутани куршуми, истрелани од сириска страна за време на борбите при терористички напади на турска територија, за кои е утврдено дека стои Сирија, како и при илегално преминување на границата, покажуваат податоци, обезбедени од Генералштабот на армијата, истакна Давутоглу.

Турскиот министер нагласи дека во пограничните со Сирија региони се преземени мерки за гарантирање на безбедноста на турските граѓани.

Турција веќе изгради неколку ѕидови на границата со Сирија, што е во должина од 900 километри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ