Давутоглу: Турција нема да дозволи присуство на терористички групи

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска предупреди дека неговата земја нема да им дозволи на терористички групи, како што е Курдската работничка партија (ПКК) или Ал Каеда, присуство во близина на сириско-турската граница.

Тој не потврди какви чекори ќе преземе Турција за да ја спречи дејноста на ваквите групации.

„Ние нема да им дозволиме присуство на терористичките групи, било тоа да е ПКК или Ал Каеда, на нашата граница. Тоа нема ништо заедничко со етничката припадност. Никој не треба да очекува од Турција да преземе непотребни ризици, без разлика каква е ситуацијата. Но ако има терористичка структура, која има за цел да ја нападне безбедноста на нашата граница, преземањето мерки е наше право и обврска“, истакна шефот на турската дипломатија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера нагласи дека Турција може да преземе дејствија против „терористичка“ организација во Северна Сирија, доколку ја смета како закана, најверојатно мислејќи на курдските бунтовници кои се активни во тој реон.

Изјавата на Ердоган за можна интервенција се смета за ново зголемување на тензијата меѓу Турција и Сирија. Односите меѓу овие две земји се влошија откако Башар Асад не одговори на повиците на Анкара за негово заминување од власт.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски