Давутоглу реизбран за лидер на турската владеачка Партија на правдата и развојот

Од:

Премиерот на привремената турска Влада, Ахмет Давутоглу, денеска е реизбран на функцијата претседател на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП), на нејзиниот петти конгрес, што се оддржа во Анкара, пренесе ТАСС.

Давутоглу е лидер на АКП од минатата есен, кога неговиот претходник, Реџеп Таип Ердоган, беше избран за претседател на земјата и ги напушти редовите на партијата.

Давутоглу беше единствен кандидат кого партијата реши да го предложи. За неговата поддршка се изјаснија сите делегати на конгресот со право на глас или вкупно 1.353 делегати.

По изборот на лидерот конгресот разгледа и повеќе организациски прашања и беа направени измени во раководството на партијата. Освен тоа, Давутоглу изјави дека партијата ќе ги преразгледа правилата што на некои од нејзините членови им забранува да се кандидатират за пратеници. Станува збор за ограничувањето за максимум три последователни мандати во меџлисот, што на серија видни политичари на АКП не им дозволи да учествуваат на изборите на 7 јуни. Сега Давутоглу смета дека ќе се смени ова правило на внатрешниот партиски Устав пред предвремените избори закажани за 1 ноември.

Турскиот премиер и старо-нов лидер на АКП, исто така, изјави дека неговата партија и Владата имаат намера да продолжат со борбата со тероризмот, што во последно време се прошири во источните и југоисточните региони на земјата.

Што се однесува до економијата, тој потсети дека Турција годинава е домаќин на Г-20.

-Макроекономските показатели ќе бидат реализирани. Сите крупни проекти, кои ги имавме почнато, ќе бидат завршени. Нема да се откажеме од нашите проекти за создавање турски воени бродови, авиони и подморници и ќе продолжиме со инфраструктурните реформи, изјави Давутоглу.

Овие посочени планови од страна на Давутоглу може да се сметаат и за предизборната програма на АКП, која се надева дека ќе победи на изборите на 1 ноември и дека ќе ја добие можноста повторно сама да ја формира владата, што не и успеа по изборите на 7 јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ