Дармановиќ: СПЦ се плаши од губење на монополот

Од:

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ изјави дека СПЦ „е пред се политички субјект во Црна Гора, па дури потоа верски“.

Во интервју за Гласот на Америка тој тврди дека Српската православна црква е против донесување на новиот Закон за верски слободи бидејќи „се плаши од губење на некои монополи во некои работи“.

Дармановиќ нагласи дека законот предвидува државата да одреди кои културни наследства на Црна Гора ќе бидат под државен имот, но користењето ќе остане исто и нема да има никакво беззаконие и присвојување на имот, што гарантираат одредбите од законот.

Шефот на црногорската дипломатија оцени дека примената на Законот за верски слободи нема посебно да влијае врз односите меѓу Црна Гора и Србија, доколку „нема дополнителни проблеми меѓу СПЦ и црногорската држава“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов