Данска ќе плати 210 милиони евра за сместување на затворениците во косовските затвори

Од:

Министерот за правда на Данска Ник Хакеруп утре во Приштина ќе потпише договор со косовскиот министер за правда Албуљен Хаџи за закуп на 300 затворски ќелии во Косово за 210 милиони евра.

Како што потврдија од Владата на Косово, сите детали од договорот меѓу двете министерства за правда ќе бидат објавени утре, но она што досега е познато е дека сите ќелии во затворот Гњилане ќе бидат под закуп, кој се смета за најмодерен затвор во Косово, и беше избран од претставници на данската поправна служба за време на посетата минатата година.

Според неофицијални информации, осудените за терористички дела и оние со ментални здравствени проблеми нема да бидат префрлени во затворите во Косово, пренесува Бета.

Раководството на затворот ќе биде од Данска, додека затворските службеници ќе бидат од Косово.

Поранешниот министер за правда Селим Селими, кој учествуваше во преговорите со данските институции, за приштинските медиуми изјави дека постигнувањето на овој договор е голем чекор.

Медиумите пренесуваат и соопштение од данското Министерство за правда во кое се наведува дека ова ќе биде привремен договор, додека не се подобри состојбата со затворите во Данска.

Во соопштението се наведува дека Данска се соочува со недостиг од места во затворите, како и со недостиг од затворски персонал.

Проектот има за цел да ја ублажи пренатрупаноста на затворите во Данска и да им овозможи да се прошират за 326 места од 2022 до 2025 година.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он