Даниелсон во Тирана: Одлуката на опозицијата ја поткопува интеграцијата, неопходен е конструктивен дијалог

Од:

Генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Даниелсон, кој престојува во Тирана, одлуката на опозицијата да се откаже од пратеничките мандати ја оцени како штетна за процесот на интеграција на земјата.

Високиот претставник на ЕУ истакна дека е неопходен конструктивен дијалог меѓу страните и додаде оти бојкотот е контрапродуктивен и го поткопува процесот на интеграција.

– Штета што Албанија сега е во стапица, да речеме дека тоа е од недостиг на стабилност. Политичките сили мора да се борат за заеднички реформи. Потребно е одговорно раководство за да ја доближи земјата до ЕУ. Што се однесува до опозицијата, јас истакнав дека одлуката на пратениците да се откажат од мандатите го поткопуваат патот на Албанија кон ЕУ. Несигурноста потребно е итно да се надмине. Парламентот е столб на државата, мотор на секоја зрела демократија,оцени Даниелсон на прес-конференција по средбата со премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Тој упати апел протестите на опозицијата да бидат мирни и без насилство.

– Мислам дека треба да се истакне она што г-ѓа Могерини и г-дин Хан изјавија, дека овој бојкот е контрапродуктивен и ги поткопува интегративните процеси. Важно е протестите на опозицијата да бидат мирни и оние кои ги организираат да бидат воздржани и да не поттикнуваат насилство, рече Даниелсон.

Посетата на Даниелсон доаѓа по престојот на делегацијата на Европскиот парламент, која во Тирана престојуваше минатата недела, поради длабоката политичка криза во која се наоѓа Албанија. Европарламентарците заминаа разочарани бидејќи не ја убедија опозицијата да се откаже од бојкотот на Парламентот, од одлуката за откажување од пратеничките мандати и да седне да разговара со Владата.

Се чини дека и Даниелсон заминува разочаран бидејќи, како што рече, од опозицијата не добил потврден одговор дека се откажува од бојкот.

 

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов