„Дан“: „Западнобалканска шесторка“ предвидува формирање заеднички парламент и полиција

Од:

Иницијативата на црногорскиот министер за надворешни работи Игор Лукшиќ за формирање „Западнобалканска шесторка“ предвидува создавање заеднички Парламент и полиција, пишува црногорскиот весник „Дан“.

Лукшиќ претходно го предложи новиот концепт на регионална соработка на земјите од Западен Балкан, во кој ќе учествуваат Црна Гора, Србија, Косово, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Според весникот „Дан“ иницијативата „Западнобалканска шесторка“ лидерите од регионот би требало да ја разгледаат кон крајот на месецот во Њујорк, на седница на Генералното собрание на ОН.

Иницијативата на Лукшиќ предвидува формирање парламентарно собрание на „Западнобалканска шесторка“ во кое ќе членуваат по десет претставници од секоја земја членка.

Работниот документ доставен до земјите на кои  се однесува иницијативата, освен насоки за формирање парламентарно собрание, содржи и насоки во правец за создавање заедничка балканска полиција.

Документот предвидува и основање на регионален центар за борба против корупцијата и организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски