Дачиќ за Тачи: Прашање на денови е кога тој ќе биде во Хаг

Од:

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ во емисијата „Кирилица“ на Хепи ТВ изјави дека во судот во Хаг се најавува апсење на Хашим Тачи и истакна дека 99 отсто е сигурен дека тоа ќе биде сторено.

„Дали ќе биде осуден или не, не знам. Но, сигурно е дека прашање на денови е кога тој ќе биде во Хаг“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Тачи знае што го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против него е прифатено или не и објасни дека сега е моментот да се бараат докази против него.

„Треба да учиме од Евреите… да ја знаеме секоја жртва, историја, да памтиме, едноставно тоа да биде наша национална болка која треба да ја пренесуваме од генерација на генреција“, рече тој.

Тој вели дека треба да простуваме, но има и такви на кои не може да им се прости и не треба постојано да се извинуваме за нешто бидејќи, како што рече тој, „тие не убиваат уште повеќе“.

Според него, добрите стратешки односи меѓу Србија и САД се многу важни, но како што рече тој, Американците не знаат што навистина се случува на овие простори, бидејќи тие најчесто добиваат информации преку некои лобисти кои зборуваат само за муслиманските жртви. Тој ја изрази и својата недоверба кон земјите членки на ЕУ, посебно кон Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.

Тој смета дека лидерите на овие земји велат дека христијанството е загрозено и се борат против исламската држава насекаде со исклучок на Приштина и Сараево бидејќи лобираат за признавање на Косово.

Би можело да ве интересира

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Дачиќ: Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребереница за геноцид

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

На Хашим Тачи и Кадри Весељи им е продолжен притворот во Хаг

Тачи: Случајот „Жолта куќа“ никогаш не постоел

Горан Наумовски