Дачиќ: Владата нема со кого да преговара

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес истакна дека договорот за нормализација за односите помеѓу Белград и Приштина ќе се примени, и покрај тоа што Србите од север на Косово не го прифаќаат.

-Владата на Србија нема со кога да преговара, одлучивме да го прифатиме овој договор и тој ќе се примени. Останува само да видиме како последиците да бидат што помали за народот, сите заедно да се договориме, но тие не мора да дадат поддршка-изјави премиерот на Србија.

Според неговите зборови, Србите од северот на Косово повеќе не се за референдум, бидејќи знаат кој ќе биде резултатот, односно дека ќе го прифатат мнозинството граѓани на Србија.

Според него најлошата опција ќе биде договорот да се прифати, а да не се применува.

-Никој нема право државата да ја уништува. Договорот не е насочен против народот, со него ќе се заштитат институциите, работа за Србите, не признавме независност, не им овозможивме членство во ОН, сега одиме кон трајно и конечно решение-нагласи тој.

Тој додаде дека во моментов се водат преговори со тимовите во Брисел, за роковите за примена на договорот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати