Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули

Од:

Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија –СНС (Српска напредна странка), која ги диктира темпото и условите и дека СПС (Социјалистичката партија на Србија) е подготвена „да можат да постојат и други решенија“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мислам дека е практично невозможно да се формира нова влада до крајот на јули. Бидејќи до крајот на изборниот процес ќе ни требаат уште најмалку седум дена. Реално е до крајот на јули да одиме на конституирање на парламентот, изјави Дачиќ кој додаде дека „кога ќе го добие конечниот извештај од РИК, обврска му е да ја одржи конститутивната седница на Народното собрание во рок од 30 дена“.

„Оттогаш тече рокот од 90 дена за формирање влада и дури тогаш претседателот Александар Вучиќ може да почне консултации со пратеничките групи и да именува нов владин мандатар“, кажа Дачиќ.

Што се однесува до улогата на СПС во новата влада, Дачиќ кажа дека за ова не разговарал со Вучиќ, и дека СПС и СНС имаат коректни односи, дека нивните заеднички резултати се добри и дека СПС е подготвена за продолжување на соработката.

-Тоа ќе биде одлука на најголемата партија – СНС, и нивно е да го диктираат темпото и условите за формирање на нова владина коалиција. Сепак, ние сме апсолутно подготвени да можат да постојат и други решенија, изјави Дачиќ.

За тоа каква функција очекува, Дачиќ кажа дека тоа е неважно и дека никогаш немал никакви барања за себе.

-Треба да го искористиме овој период на стабилност за натамошен развој на Србија. Владата треба да даде позитивен импулс за развојот на Србија, а патот по кој ќе оди Србија е веќе одреден – тоа е патот на евроинтеграциите, притоа штитејќи ги нашите државни и национални интереси, рече Дачиќ.

Коментирајќи го развојот на ситуацијата во Косово, каде Приштина им наложи на Србите да ги земат регистарските таблички на Приштина, Дачиќ кажа дека тоа е уште еден показател дека Албин Курти не сака никакви компромиси и договори, туку исклучиво политика на сила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати