Дачиќ: Социјалистите не го кочат создавањето нова Влада

Од:

Лидерот на социјалистичката партија, Ивица Дачиќ тврди дека дел од западните сили сакаат новата влада да биде формирана од Демократската партија на Тадиќ и Српската напредна партија на Николиќ. Според него, Србија е далеку од формирање Влада и погрешен е впечатокот дека за тоа се чека одлука од Социјалистичката партија.

Сепак, Дачиќ тврди дека социјалистите се спремни да учествуваат во стратешко партнерство почитувајќи го изборниот резултат и дека не планираат да го кочат процесот, бидејќи за државата било лошо да остане без Влада подолг период.

„Имав неколку разговори и со двете партии и никој не ми даде конкретен предлог. Начелно разговаравме за потребата од политичка стабилност како и за функционирање на системот и институциите во новонастанатата состојба,“ вели Дачиќ во изјава за српски „Прес“.

Од друга страна, немањето конкретен предлог од двете партии за Дачиќ создава сомнеж дека и двете партии се обидуваат да состават нова Влада притоа оставајќи ги социјалистите надвор од неа. За лидерот на социјалистите, ова може да биде и дел од плановите на западните сили.

Тој порача дека Демократската партија треба да одлучи дали ќе биде власт или опозиција, кој ќе биде премиер, дали ќе коалицираат со Социјалистчката или со партијата на Николиќ или Владата ќе ја направат двете најголеми партии во Србија.

„Не би сакал да бидам жртва на нивните договори, па уште и народот да мисли дека јас го кочам создавањето на новата влада.Исто така постојат светски сили кои бараат формирање влада од Демократската партија, Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија“, вели Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Таравари: Mладите се јадрото на населението, иселувањето на младите е државен аларм

А1он