Дачиќ: САД нема да го преземат водењето дијалог меѓу Белград и Приштина

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека САД нема да го преземат водењето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека се обидуваат да најдат добитна комбинација за компромис.

Тој за телевизија Прва изјави дека дијалогот ќе продолжи да го води ЕУ, но дека САД сакаат компромисно решение за Косово и да го искористат тоа на претстојните претседателски избори.

На прашањето дали САД ја поддржуваат поделбата на Косово, Дачиќ истакна дека тој двапати разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон и дека тие никогаш не изјавиле дали ќе ја поддржат поделбата или имаат некој друг концепт.

-Тие ја поддржуваат нашата желба да постигнеме компромис. Тоа е огромна разлика, со оглед на тоа што претходните администрации дури и не сакаа да разговараат за тоа и рекоа дека прашањето е завршено, рече тој

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски