Дачиќ: Решението за Косово е комбинација на Дејтонскиот и договорот од Вашингтон

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека сега може да се види дека решението за Косово е во некаква комбинација на Дејтонскиот договор и договорот од Вашингтон и дека на Европската унија и недостасува железна тупаница, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Ние не бегаме од политичко решение. Сметаме дека следниот чекор е да видиме кои се можните политички решенија и да се оди на тоа дека мора да се прифати некое праведно решение за ова прашање, во спротивно, тоа нема да можеме да го направиме само со економијата, изјави Дачиќ за РТС.

Тој додаде дека, без оглед каде ќе се одвива политичкото решение, се мора да се реши во Советот за безбедност на ОН и дека е невозможно тоа да се реши без големите земји – САД, Кина, Русија, но и Франција и Германија.

Дачиќ оцени дека големо прашање е дали на Србија повеќе и одговара да ги решава работите во ЕУ или врз основа на предлогот на Ричард Гренел и дека, кога ќе ги погледаат позициите на Германија и флексибилноста на разговорите со САД, понекогаш му се чини дека е полесно да се разговара со американската администрација.

Дачиќ посочи дека ЕУ не може да ја принуди Приштина да го спроведе она што го потпишала во 2013 година.

Тој смета дека ЕУ не гледа поволно на она што се случува и дека не и се допаѓа што „некој сега има доминантна улога, иницијатива и успех“.

– Особено успех, бидејќи на ЕУ и недостасува успех, кажа Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати