Дачиќ: Приштина не покажува подготвеност за компромис

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Владата на Србија вложува максимални напори во дијалогот со Приштина да се постигне одржливо решение, но другата страна за сега не покажува подготвеност за компромис.

Тој ова го истакна во разговорот со амбасадори на пет земји членки на ЕУ, кои не ја признаа независноста на Косово.

-Србија има јасна стратегија, формулирана во Платформата и одлуките на парламентот, а искрено сакаме правено и трајно решение кое ќе овозможи опстанок на Србите во Косово и ќе обезбеди мир во регионот- истакна премиерот.

Дачиќ оцени дека решавањето на проблемот на Косово е од посебно значење и поддршката која на Србија и ја пружаат Шпанија, Грција, Кипар, Ромунија и Словачка, кои не ја признале независноста.