Дачиќ: Од Косово се протерани Срби, а не Албанци

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ реагираше по повод најавите на Приштина за подготовка на нацрт-документ со кој Србија би се обвинила за геноцид, изјавувајќи дека „првпат во историјата се случува терористи кои имаат протерано еден народ да ја обвинуваат таа држава за геноцид“.

– Лидерите во Приштина целосно го изгубија компасот. Од Косово беа протерани Србите, а не Албанците, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека албанските лидери по се изгледа се во таква паника поради политичките порази на секој чекор, но и од специјалниот суд за воени злосторства за ОВК, и веќе не знаат што прават.

-Секако, оваа т.н. резолуција нема да има ефект. Тие само малку си играат, рече Дачиќ, додавајќи дека „очигледно нема крај на лудилото во Приштина, бидејќи чекорите кои ги преземаат никој повеќе во светот не може да ги разбере”.

Шефот на српската дипломатија истакна дека покрај „налудничавите“ такси што ги воведе Приштина, овие нови чекори се јасен показател дека на лидерите на Косово не им е ниту до преговори, ниту до компромис.

-Не знам до каде ќе стигнат на овој начин, но тоа самите треба да го размислат. Србија има јасна политика и нема да отстапи, заклучи Дачиќ.

Ад хок комисијата на косовското Собрание подготвува предлог-резолуција во која властите во Белград се повикуваат „да го признаат извршениот геноцид” во Косово во периодот 1998-1999 година.

Во нацрт-резолуцијата се наведува потребата за соработка на Белград со цел да се казнат криминалците и да се компензира направената штета.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари