Дачиќ: Не смее да се повтори 17-ти март

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека ниту девет години по насилството над Србите на Косово и Метохија сторителите не се казнети, имотите не се обновени, ниту на Србите им е овозможено враќање на просторите од кои што беа протерани.

На свечената академија во Народниот театар во Белград, Дачиќ потсети дека во насилството загинаа 19 цивили, 800 лица беа повредени, а уништени 935 куќи и 34 цркви.

-Сакам тоа никогаш да не се повтори, а Србија со својата политика да ги заштити безбедноста и интересите на Српскиот народ на Косово -изјави Дачиќ.

Според неговите зборови на Србија и е потребна реална политика.

-Ние денес мора да го оделиме Косово во нашата идеја, митологија, во нашите корени од она што како реалност постои на Косово и Метохија и да го заштитиме нашиот народ што живее таму – изјави Дачиќ.

Тој им се заблагодари на сите Срби што останаа на Косово и кога нивните лидери побегнаа.

-Србија никогаш не смее и нема да им го сврти грбот на Србите на Косово- порача Дачиќ и истакна дека владата прави се да се најде праведно решение, кое овозможи Србите да одлучуваат за својот живот и судбина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ