Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека не разговарале за промена на Уставот, на нивната држава и напомена дека за таа тема е потребна согласност, но дека тоа во Србија ќе биде тешко.
Не разговаравме на таа тема. Не сакам да размислувам за зборовите на претседателот Николиќ – изјави тој, зборувајќи за изјавата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ во намерата на власта да го промени уставот.
Тој истакна дека секој има право на свое мислење за промена на Уставот.
Процедурата за промена е комплицирана. Таа подразбира широк консензус – изјави Дачиќ, додавајќи дека во Србија е многу тешко да се постигне консензус за важни прашања.