Дачиќ: Не можам да верувам дека некој ќе испрати полиција да го заземе манастирот Острог

Од:

Шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ се вклучи во „полемиката“ започната пред три дена во Србија од претседателот Александар Вучиќ, патријархот Иринеј и медиумите за новиот Закон за слободата на вероисповедта и правниот статус на верските заедници во Црна Гора, кој предвидува дека сите верски заедници, вклучувајќи ја и Српската православна црква (СПЦ), мора да докажат дека имале сопственост над имотите пред 1918 година.

Коментирајќи ја, како што рече, „намерата на Владата на Црна Гора да го присвои имотот на СПЦ“, Дачиќ за весникот Курир изјави дека „никој кој удрил по црквите не поминал добро“.

– Ова се должи на фактот дека Црна Гора во својата желба да ја покаже црногорската државност, ги негира Србите, оцени тој.

Дачиќ потсети дека српскиот претседател Вучиќ говорел на многу пристоен начин со желба да ги избегне можните проблеми во меѓусебните односи.

– Не можам да поверувам дека некој ќе испрати полиција да го заземе (манастирот) Острог. Не можам да верувам дека некој полицаец ќе се однесува како комунистите во 1945 година за да ја освои црквата, додаде Дачиќ.

Тој нагласи дека во Црна Гора живеат над 30 отсто луѓе кои се изјаснуваат како Срби и живеат таму со векови.

– Кога Македонија го призна Косово, тие рекоа дека тоа мораат да го направат бидејќи таму живеат 30 отсто Албанци. Во Црна Гора живеат 30 отсто Срби и пак го признаа Косово. Што значи тоа? Како и да свртиш, само Србите ќе бидат оштетени, смета Дачиќ.

Според него, Црна Гора го интересира од аспект на правата на Србите што живеат во земјата.

– А дали таа ќе биде посебна држава или не, тоа е друго прашање. Впрочем, Србија и Црна Гора имаа повеќе различни државни форми во кои живееле, додаде шефот на српската дипломатија.

Тој оцени дека е далеку од тоа да се каже дека „Црногорците немаат право да се изјаснуваат како Црногорци, но дека ова изјаснување никогаш во историјата не значело меѓусебни судири и војни“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Кога велат немојте со Русите, Кинезите, ние велиме – сакаме, тоа е наш интерес

Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат

Курти: Дијалогот со Белград ќе го водам јас, а не Тачи

ВИДЕО: Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

Ана Ололовска

„Новости“: Србија годишно ја напуштаат околу 51.000 луѓе

Ана Ололовска

Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Ана Ололовска