Дачиќ: Најважна ми е поддршката на Вучиќ

Од:

Државниот врв на Србија е единствен во поглед на преговорите, вели премиерот Ивица Дачиќ и истакна дека во овој момент најважна му е поддршката на подпретседателот на владата Александар Вучиќ.

На новинарското прашање зошто со претседателот Томислав Николиќ има неусогласени изјави за Косово и Метохија, Дачиќ изјави дека не постојат такви изјави.

-Немаме ние неусогласени изјави, туку јас непосредно сум вклучен во процесот на преговорите и со самото тоа немам причини за голем оптимизам – изјави Дачиќ.

Српскиот премиер додаде дека Николиќ тргнува од тоа дека разговорите секогаш биле коректни.
-Има пристап и најверојатно ќе мора да се дојде до одговор и другата страна мора да попушти.Малку е поголем оптимист од мене-истакна тој.

Дачиќ истакна дека сега му е најважна поддршката од Вучиќ како претседател на најголемата партија и негов заменик во владата на Србија.

-Ние имаме исти ставови и мислам дека тоа за нас е најважно, бидејќи никогаш нема да донесам решение за кое не сум сигурен дека моите партнери ќе го прифатат, истакна премиерот и претседател на СПС.

Тој додаде дека и од наредната седма средба не очекува ништо.

-Ова се потполно нестандардни разговори и преговори и не станува збор за документи кои треба само да се предадат, туку се обидуваме да дојдеме до договор. Тоа е начинот на работа на Кетрин Ештон. Таа сака да наметнува свои ставови и затоа нема никаков документ, со кој би рекле дека тоа е нејзиниот став – истакна тој.

Дачиќ нагласи дека сепак е позитивно тоа што и двете страни се обидуваат да се договорат.
-Се обидуваме да се договориме, мислам дека тоа е суштинско прашање-како да се дефинира со што се занимава заедницата на српските општини, а тоа да биде прифатено и од двете страни – објасни српскиот премиер, кој смета дека во дијалогот Приштина мора да попушти.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ