Дачиќ: Компромисот е најголемата отстапка што Србија може да ја направи кон Косово

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека најголема отстапка кој Србија може да ја направи кон Косово е компромисот, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ, гостувајќи на ТВ Хепи кажа и дека Србија работи на тоа уште една држава да го повлече признавањето на Косово.

-Ние работиме на тоа, но не го објавуваме однапред. Ако кажеме, тоа сигурно нема да се случи, бидејќи тие (Приштина) ќе отидат таму веднаш, изјави Дачиќ, кој додаде дека пред некој ден го прашал српскиот претседател дали продолжуваат со кампањата за повлекување на признавањето на Косово и дека претседателот Александар Вучиќ му рекол да се продолжи.

Според него, Приштина бара „танте за кукурику“ затоа што бара запирање на повлекување на признавањата, за да може за возврат да ги повлече таксите на српските стоки.

Според Дачиќ потребно е време од потпишувањето до спроведување на договорот за воздушната линија Белград-Приштина, истакнувајќи дека договорот е позитивен и дека Белград го поддржува, бидејќи смета дека тоа може да има позитивен ефект.

За премиерот на Косово, Албин Курти Дачиќ, кажа дека сака „голема Албанија“ и дека е „привремен премиер на Косово“.

Српскиот шеф на дипломатјата додаде дека Албанија истовремено работи на бришење на границата со Косово, но дека за ова трпи критии, додека истовремено работи на „мини-шенгенот“ со Србија, поради што добива пофалби и истакна дека „мини-шенген“ значи бришење на границите.

Би можело да ве интересира

Србија: Почнува исплата на девизни заштеди на поранешните штедачи на СФРЈ

А1он

Вучиќ: Во Србија нема заразени со коронавирус

Ана Ололовска

Унсворт од Би-Би-Си: Пропагандата се маскира под наметка на новинарството

Ана Ололовска

Дачиќ во посета на Кина да изрази „солидарност за борбата со демонската болест“

Ана Ололовска

САД и ЕУ: Србија да се откаже од трансакции со Русија кои можат да доведат до санкции

А1он

Ниту еден од тестираните нема коронавирус во Србија