Дачиќ: Ќе го чуваме споменот на Милошевиќ

Од:

Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ по повод годишнина од смртта на поранешниот лидер на Социјалистичката партија на Србија, Слободан Милошевиќ изјави дека и денес се присутни проблемите кои постоеле и во времето на неговото владеење.

Поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ почина на 11-ти март во затворот во Хашкиот трибунал.

Дачиќ истакна дека треба да помине време, за да се даде објективно мислење за Милошевиќ и неговата политика.

Дали во нешто погрешил? Веројатно дека имаше грешки. Но прашање е како би постапила друга власт, во еден таков тежок период – изјави тој.

Дачиќ нагласи дека СПС го чува споменот на Милошевиќ и дека секоја година го одбележува денот на неговата смрт.

Нашата партија се обидува да одговори на проблемите со кои се соочува Србија во 2013 година, односно во 21 век – изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ