Дачиќ и Тачи повторно на иста маса во Брисел

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон денес по четиринаесети пат ќе разговараат во Брисел за правосудството, полицијата, телекомуникациите и енергетиката.

Во оваа рудна на преговори, во рамките на договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина треба да се побара решение за излезот на косовските Срби на локалните избори во ноември, бидејќи на тие избори ќе се формира Заедница за српските општини.

Минатата недела во седиштето на Европската комисија се водеа и технички преговири за формирање на полициските служби во идната Заедница.

Заменикот на премиерот на Косово, Едита Тахири изјави дека Тачи на состанокот ќе бара побрза примена на договорот од април.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари