Дачиќ и Мркиќ на седница на СБ во ОН

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ и шефот на дипломатијата, Иван Мркиќ се очекува утре да присуствуваат на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се зборува за редовниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун, за состојбата на Косово.

Бан Ки Мун во својот редовен извештај за Косово истакна дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Тој косовските власти ги повика да преземат мерки за инцидентите, кои само прават раздор помеѓу граѓаните на Косово.

Според него и покрај тоа што постојат повеќе нерешени прашања, новите преговори даваат јасен сигнал дека и двете страни се залагаат за дијалог.

Кога станува збор за северниот дел на Косовска Митровица, секретарот оцени дека е потребно координирано дејствување и внимание, со цел да се зголеми довербата помеѓу заедниците и да се намалат тензиите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ