Дачиќ и Јеремиќ со различни ставови за причините за влошување на српско-црногорските односи

Од:

Актуелниот и поранешниот шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ и Вук Јеремиќ, денеска различно ги толкуваа причините за заострувањето на српско-црногорските односи, предизвикани со Законот за слобода на вероисповед.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ивица Дачиќ, изјави дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ „се има прејдено и пресметано“ околу законот, сметајќи на „мобилизирање за престојните избори на сите оние кои се за црногорската независност, а на кои српството им пречи.“

-Ѓукановиќ не ја сфати моќта, како одговор, ако удриш на нешто што не е само политика, туку претставува и нечиј идентитет, нешто што е во генетскиот код, како што се светците, кажа Дачиќ за ТВ Хепи, додавајќи дека на литиите ќе има се повеќе луѓе, колу што повеќе се напаѓа нивниот идентитет, кажа тој.

Од друга страна, поранешниот шеф на српската дипломатија, а сега претседател на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, оцени дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ „прилично го загубил компасот“ кога станува збор за настаните во таа земја, додека српскиот претседател Александар Вучиќ настојува „да ја преземе контролата врз процесот“ обидувајќи се да го привлече митрополитот Амфилохије, кој е на чело на народниот протест.

-Вучиќ во моментов му се додворува на Амфилохије, испраќајќи му пораки дека може да смета на негова поддршка, а во исто време работи против него преку дипломатски канали на Запад, каде Амфилохије го претставува како испостава на руските интереси, а работата да биде уште побизарна и пострашна, тоа го работи истовремено и во Москва, изјави Јеремиќ во интервју за порталот директно.рс.

Јеремиќ истакна дека Ѓукановиќ и Вучиќ „влегле заедно во приказната за законот за верска слобода во Црна Гора“ и дека тие ќе останат заедно до крај, така што Вучиќ ќе го добие својот пакет на акции во Црна Гора, а Ѓукановиќ ќе продолжи да владее уште четири години, по парламентарните избори кои оваа година треба да се одржат во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Тачи го отфрли предлогот на Курти за составот на косовскиот тим за преговори со Србија

А1он

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Во Србија вкупно заразени 2.867 лица, досега починаа 66

А1он

Вулин: Војник испукал три истрели во воздух додека мигранти се обидувале да избегаат

Ана Ололовска

Курти планира два косовски тима за дијалогот со Србија

Ана Ололовска

Синот на претседателот на Србија, Вучиќ заразен со коронавирус

Ана Ололовска