Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука

Од:

Тоа што Северна Македонија не го екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина претставува политичка одлука, смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

– Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини, истакна Дачиќ.

Тој потсетува дека така и Франција го пуштила Рамуш Харадинај и претставува проблем што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата.

– Тие никогаш нема да одговараат. Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат, нагласи министерот за надворешни работи на Србија, додавајќи дека „западните земји бараат Косово да стане членка на Интерпол, а тие не ја почитуваат таа организација“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ за убијците на Данка: Луѓето би ги задавиле со голи раце

Дачиќ: Да не ни се држат лекции, три четвртини од земјите во ЕУ сега не би го поминале тестот

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Србија и српскиот народ му посакуваат многу среќа и успеси на македонскиот народ

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија

Србија: Вучиќ и Дачиќ договорија продолжување на соработката меѓу СНС и СПС

Дачиќ: ЗСО е предуслов на сите предуслови

Ана Ололовска