Дачиќ: ДОС му понуди на Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но тој одби

Од:

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Демократската опозиција на Србија (ДОС) му понудила на поранешниот претседател на СР Југославија и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но дека тој одбил затоа што мислел дека нема од што да бега.

Дачиќ на телевизија Хепи говорејќи за периодот по демократските промени во Србија по 5 октомври 2000 година, кажа дека сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ била против заминувањето.

-Тогаш беше лесно да се убеди Слоба да не бега, но кога луѓето почнаа да зборуваат за (убиениот новинар Славко) Чурувија, таа замина во Русија. Па зошто тогаш не му даде на Слоба да замине во Русија, кој знае што би се случило во меѓувреме, кажа Дачиќ.

Тој додаде дека во времето кога Милошевиќ бил уапсен, тој бил пред неговата вила на Дедиње заедно со другите членови на СПС, бидејќи не бил во тесното раководство на партијата, ниту меѓу пријателите на семејството Милошевиќ.

Дачиќ кажа дека на 6 октомври 2000 година, добар дел од раководството на СПС ја напуштило партијата.

-Функционерите ја напуштаа партијата. Преку Танјуг даваа изјави дека никогаш не се согласувале со политиката на Милошевиќ, изјави Дачиќ и посочи дека во тоа време градските простории на СПС биле уништени и дека партијата „се обновувала“ од просториите во Вождовац.

Дачиќ истакна дека не го познавал добро семејството Милошевиќ, но дека се обидувал да им излезе во пресрет и да помогне во одбраната на Милошевиќ, „затоа што тој не беше предавник“.

Во Србија по емитувањето на ТВ серијалот „Семејство“ на РТС, за периодот на апсењето на Милошевиќ од владата на ДОС, се разви голема полемика околу ликот и делото на Слободан Милошевиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов