Дачиќ: Дијалогот по оставката на Харадинај е во кома

Од:

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, говорејќи за можностите за обновување на косовскито дијалог по оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, во интервју за ТВ Прва изјави дека „дијалогот е во кома, се зависи од реанимацијата на големите сили, се работи за големи геостратешки игри“.

– САД сметаа дека тоа што го прават Франција и Германија е вистински пат. Брисел го чека новиот шеф на дипломатијата. Франција мисли дека САД го опструираат продолжувањето на дијалогот. САД сметаа дека Германија го поддржува Харадинај. Секој тука го обвинува секого, но продолжување на дијалогот нема, оцени Дачиќ.

Тој кажа дека е „видна промената во ставот на американската администрација, и тие сега сакаат да најдат решение, а во минатото сметаа дека тоа е решена работа, додавајќи дека Србија сака ревитализација на односите со САД“.

Дачиќ коментирајќи ја оставката на косовскиот премиер, изјави дека „тоа е тактички потег, од внатрешно-политички причини, со цел да го избрише Хашим Тачи и останатите, за да се престави како жртва пред Судот за ОВК….и да победи на изборите“.

Тој одговарајќи на прашањето за влегувањето во изборниот процес во Косово и во Србија во март идната година, како и за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон во Белград за продолжување на дилјалогот во септември во Париз, кажа дека до тој состанок „нема да дојде, доколку не се гарантира успехот на истиот и не са укинат таксите“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило