Дачиќ: Далеку сме од договор во Брисел

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград и Приштина се уште се далеку од договор по прашањето за надлежноста на заедницата на српските општини на Косово, бидејќи Србија бара заедицата да има извршни овластувања, а косовската страна тоа не го прифаќа.

-Тие не прифаќаат заедницата на српските општини да има извршни овластувања. Останува да видиме дали е можно да дојдеме до некаков договор. Ние повеќе немаме каде да попуштиме. Не лажеме, не се ценкаме и тоа го зборуваме отворено. Договорот е можен, но се уште сме далеку од тоа – изјави Дачиќ.

Според него доколку мислат дека Србите на Косово ќе се занимаваат со издавање на списание и дека тоа е доволна надлежност на заедницата, тогаш се далеку од договор.

-Договорот е можен, шест пати разговарав со Тачи, но доколку тој смета дека не мора да попушти за да има договор, тогаш многу тешко е да се очекува постигнување на договор – изјави премиерот.

Тој додаде дека е потребна цврста меѓународна гаранција за безбедност на Србите на Косово, како што истите гаранции се потребни и во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

-Ние не можеме сега да одиме на договор со Приштина, а по десет години некој да дојде и да каже дека договорот не важи, затоа ни е потребна меѓународна гаранција – објасни Дачиќ, кој утре ќе присуствува на комеморативната академија во Новиот театар во Белград, по повод деветгодишнина од мартовското насилство на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов