Дачиќ: Дајте ни заедница на српските општини и нема да има ценкање

Од:

Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија инсистира да се формира заедница на српски општини на Косово, која ќе има клучни надлежности и свои органи.

Тој нагласи дека заедницата треба да има свој парламент, претседател, потпретседател и совет.

Премиерот на Србија, кој вчера разговараше со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон во Брисел, изјави дека органите може да се избираат директно или индиректно, но за Србија тоа е помалку важно, од нејзините надлежности.

Дачиќ изјави дека Србија е подготвена за компромис околу начинот на избирање на ограните на заедницата, но доколку таа добие поголеми надлежности.

Како приоритет помеѓу надлежностите тој ја спомна безбедноста, и полицијата пред се.

-Дајте ни заедница на српските општини, која ќе има што да работи, или да не губиме повеќе време на тоа – изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека истото и го пренел и на Ештон и дека околу тие работи нема да има ценкање.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ