Дачиќ: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Србија

Од:

Членството во Европската Унија останува стратешка цел на Србија и еден од клучните надворешнополитички приоритети, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ пред претставниците на Европскиот парламент, кои го повикаа официјален Белград дополнително да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со Унијата.

Србија во последните месеци беше под лупата на европската и американската дипломатија, која го повикува Белград да се приклучи на меѓународните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина и поради постојаните тензии со Косово, додека Вашингтон и Брисел заеднички бараат решение, инсистирајќи Приштина и Белград да постигнат постојан „правно обврзувачки договор“, посочува Хина.

Во одделни разговори со европратениците, Дачиќ денеска повтори дека Србија „останува целосно посветена на реформскиот процес и подобрувањето на сите сфери на општеството“, како и на „понатамошниот развој на регионалната соработка, што директно придонесува за градење меѓусебна доверба и на процесот на помирување“, охрабрувајќи го севкупниот развој и реформите на патот кон „полноправно членство во ЕУ“, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Шефот на српската дипломатија разговараше со пратеничката од Зелените Виола фон Крамон, европратениците Деметрис Пападакис и Матјаж Немец и со копретседавачот на делегацијата на Европскиот парламент во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација Алесандра Морета.

Според соопштението од кабинетот на Дачиќ, неговите соговорници „позитивно го оцениле реформскиот процес и чекорите што српската влада ги презема за усогласување на визната политика со Унијата“, но во исто време го повикале Белград за „понатамошно усогласување на надворешната и безбедносната политика“ со Брисел.

Дачиќ, како што се наведува, посочил дека Србија „нема проблем“ да се усогласи со политиките на ЕУ „во делот што не им штети на нејзините национални интереси“.

Тема на разговор биле односите меѓу Белград и Приштина, при што било истакнато дека „само отворен дијалог“ може да биде вистинскиот начин за постигнување компромисно и одржливо решение.

Во однос на Украина, Дачиќ им порачал на европратениците дека Србија „го осудува секое кршење на меѓународното право“, но истовремено изрази жалење што „некои европски претставници инсистираат на почитување на територијалниот интегритет на Украина, кој Србија несомнено го поддржува, но дека во нејзиниот случај (во однос на Косово) ја нема поддршката“ од Европската Унија, се наведува во соопштението за медиумите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хрватскиот шеф на дипломатијата Грлиќ Радман на средба со српскиот колега Дачиќ

Ана Ололовска

Дачиќ: Договорите од Брисел се круна на учеството на Белград во дијалогот, ЗСО им дава широк спектар на надлежности на Србите

Ана Ололовска

Нема повредени патници во запалениот автобус на „Ниш експрес“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали автобус на „Ниш експрес“, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Расветлено е двојното убиство на Бежаниска Коса

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он