Дачиќ: Чанак добил пари за поттикнување насилство врз СПЦ на Цетиње

Од:

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска го обвини лидерот на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, дека отишол на Цетиње за време на устоличувањето на митрополитот на СПЦ Јоаникиј „со намера за поттикнување конфликти и насилство против СПЦ.

Дачиќ рече дека Чанак за тоа „добил пари“ од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

-Тој не дојде таму како навивач, туку за да го поттикне насилството врз СПЦ. Што тој поддржува, на митрополитот и патријархот да им се забрани да доаѓаат во манастирот на Цетиње? Тој, како и Мило Ѓукановиќ, може да преживее само со инциденти. Чанак е срам за српскиот народ, добро е што не се прифати за некои реквизити кога беше во Цетиње, изјави Дачиќ.

Тој наведе дека не побарал од српските власти да го уапсат Чанак, туку тоа да го сторат властите во Подгорица поради „рушење на уставниот поредок на Црна Гора“.

– Чанак е опасност за Црна Гора, што бара тој таму? Се сеќавате ли колку Срби беа вратени од границата, а тој отиде таму со намера да поттикне конфликти. Затоа реков дека би било добро ако и него го стават на листата на луѓе кои се непожелни во Црна Гора, рече Дачиќ.

Дачиќ, кој е лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), го повтори ставот дека претседателот на Србија и лидер на СНС, Александар Вучиќ, треба да биде заеднички кандидат на владејачката коалиција на претстојните претседателски избори, но додаде дека за тоа ќе разговара само со СНС, бидејќи Вучиќ се уште нема одлучено дали ќе се кадидира на тие избори.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Дачиќ за убијците на Данка: Луѓето би ги задавиле со голи раце

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора