Дачиќ: Антисрпска хистерија во Хрватска поради можното доаѓање на Вучиќ

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека „хистеријата што преовладува во Хрватска поради евентуалното учество на претседателот на Србија и на Српската напредна партија Александар Вучиќ на собирот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб не е последица на предизборната кампања во Хрватска, како што наивно се верува, туку на општата антисрпска атмосфера “.

„Таа атмосфера систематски се создава во Хрватска со негирање на геноцидот во Втората светска војна, со рехабилитација на усташтвото, лагите за наводна големосрпска агресија, иако станува збор за Срби кои живееле таму со векови“, рече Дачиќ во писмената изјава доставена до медиумите.

Според него, „ова ја легитимира старата приказна за Србите како нарушувачки фактор, што треба да се елиминира“.

„Хистерија во Хрватска не е проблем за Вучиќ и за Србија, тоа е проблем за Хрватска, која го презема претседателството на ЕУ за еден месец“, рече Дачиќ.

„Како ќе претседава Хрватска со ЕУ кога не е во можност да организира ниту собир на ЕПП без никакви проблеми? Како ќе организира собир на ЕУ со Западен Балкан и други регионални собири? Зошто е тоа така, треба да се замислат. Србија сака и мисли дека треба да гледаме напред кон иднината и оти трагедиите од минатото треба да се лекции, а не примери за следните генерации “, посочи српскиот министер за надворешни работи во изјавата.

Вучиќ беше најавен како еден од говорниците на изборниот конгрес на ЕПП, што се одржува на крајот на месецот во Загреб.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари