Да се откажат новогодишните забави, парите да одат за лекување болни деца-петиции низ Србија

Од:

По барањето на жителите на Нови Сад, Суботица и неколку градови во Србија, со петиција за откажување на новогодишната прослава побараа и жителите на Белград.

Тие апелираат до градоначалникот Синиша Мали да се откаже од концертите за прослава на Нова Година на плоштад и дека залудно се фрлаат пари за кич и светликиви лампиони.

Во петицијатаа се наведеува дека парите предвидени за прослава на Нова Година треба да им се доделат на болните луѓе, пред се деца, чиј живот зависи од недоволниот број донатори.

Градоначалникот на Белград минатата година изјви дека за пречекот на 2016, градската управа за дочекот на Нова година издвоила околу 165.000 евра, и дека е тоа инвестиција за да се заработи од туристите. Тогаш најави дека оваа година ќе инвестира уште повеќе пари, доколку концептот се покаже како ефикасен.

Јавноста во петицијата ги наведува сите болни деца и сумата за која може да се излечат, но не можат да ги соберат парите за лекување во странство.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати