Црна Гора: Составот на владата конечно ќе биде познат до петок, вели мандатарот Кривокапиќ

Од:

Мандатарот за состав на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ рекол дека комплетниот состав на владата ќе биде познат до петок и оти ќе ги испочитува роковите за да достави предлог за состав и експозе до парламентот три дена пред седницата, пишува црногорскиот весник „Вијести“.

Според весникот, Кривокапиќ повторил дека во игра се по тројца кандидати за министер за одбрана и внатрешни работи.

„Вијести“ додава дека мандатарот не сакал да потврди дали лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ сè уште е кандидат за министер за внатрешни работи, но, додава дека тој потврдил дека ќе биде потпретседател на владата.

– Неговата нова улога ќе биде да ги координира сите сектори на безбедносната структура. Постојат три дела, еден во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вториот во полициската управа и третиот во врска со Министерството за одбрана и военото разузнавање, рекол Кривокапиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора