ВИДЕО: Црна Гора тагува-тројца малолетници загинаа во страшна несреќа

Од:

Голема трагедија тргадија се случи кај Рожаје, во градот Зелени, на автопатот Рожаје-Баќ кога возило слетало во коритото на реката Ибар и на лице место починале тројца малолетници, а еден е тешко повреден.

Тешко повредениот 17 годишник итно бил пренесен во Општата болница во Беране, каде лекарите прават напори да му го спасат животот.

Трагедијата се случила во петокот околу 22.30 часот, на место каде што автопатот не е заграден со банкина и кое е познато по слични несреќи.

Засега не се познати причините за трагедијата. Многу сограѓани се простуваат од загинатите млади момчиња, а Ф.Д. (17), кој е на заедничките фотографии, е тешко повреден и лекарите се уште се борат за неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора