Црна Гора се уште не размислува за воведување вонредна состојба

Од:

Црна Гора не размислува за воведување вонредна состојба заради спречување на ширењето на коронавирусот, изјави министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, додавајќи дека тоа зависи само од однесувањето на граѓаните и нивното почитување на мерките.

– Многумина во карантините ја сфатија ситуацијата како социјално зближување, наместо држење физичко растојание. Меѓутоа, војската нема да дозволи непочитување на мерките. Со оглед дека се менува ситуацијата од ден на ден, синоќа се отворени два нови карантина – еден хотел во Херцег Нови и просториите на Црвениот крст во Сутоморе, рече Бошковиќ.

Тој потенцира дека војската е на располагање на државата и народот во случај на вонредна состојба.

Околу 100 војници се распоредени низ Црна Гора, рече Бошковиќ во изјава за Радио Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски