Црна Гора протера уште четворица руски дипломати

Од:

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат таа држава.

– На рускиот амбасадор денеска му беше врачена официјална нота за оваа одлука, со која се одредува рок од седум дена за напуштање на територијата на нашата земја. Министерството ја донесе споменатата одлука врз основа на оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на руските дипломати и член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството на почетокот на март, врз основа на проценката на Националната агенција за безбедност, го прогласи дипломатот Виктор Антипин за непожелна личност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка