Црна Гора: Повеќе лица приведени, повредени полицајци и граѓани

Од:

Неколку лица се уапсени, а тројца полицајци и повеќе граѓани се повредени во синоѓешните немири во подгоричката населба Златица, јавуваат подгоричките медиуми.

Во населбата Златица, во Подгорица, група на жители на градот се обиделе насилно да ги спречат комуналните служни да го варосаат ѕидот кој дотогаш бил во боите на српското знаме. За смирување на нередите употребила бибер спреј и солзавец.

Полицијата претходно издала наредби на насобраните да се разотидат, по што граѓаните формирале „жив ѕид“ околу муралот.

Кога комуналните полицајци, опкружени со службеници од Управата на полицијата, по инцидентот почнале да ја санираат јавната површина, се случија нови немири во кои граѓаните започнаа да користат пиротехника и да ја гаѓаат полицијата со камења, кои одговорија со солзавец.

Граѓаните почнале да си заминуваат по повторениот полициски апел, а муралот бил бојадисан.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора