Црна Гора: Објавен оглас за продажба на државно возило Мерцедес Мајбах, почетна цена 456.933 евра

Од:

Министерството за финансии и социјална работа на Црна Гора објави покана за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил „Мерцедес Бенц“, модел „Мајбах С 650“.

Како што е наведено во огласот, почетната цена на споменатото возило е 456.933,18 евра.

Продажбата ќе се изврши преку јавно устно наддавање во Будва на 23 јули.

Во средината на февруари, црногорската влада го усвои предлогот за одобрување продажба на две такви возила. Во тоа време, премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека средствата од продажбата ќе бидат уплатени во буџетот и ќе бидат искористени за помош на загрозени граѓани.

Двата Мерцедси „Мајбах“ ги купи Агенцијата за национална безбедност на крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година за 1,2 милиони евра.

Министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, во Собранието објави дека вредноста на второто возило не е ни проценета, бидејќи се уште го користи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора