Црна Гора: Нов повик за доброволно служење воен рок

Од:

Министерството за одбрана на Црна Гора соопшти дека наскоро ќе распише конкурс за доброволно служење воен рок, а откако беше донесена одлука минатата година, како еден од моделите на обука за воена служба со цел да се создаде база за пополнување редовни и резервни сили.

Генералниот директор на Дирекцијата за човечки ресурси при Министерството за одбрана, Михаил Волков изјави дека ова е нов проект кој досега резултирал во успешно завршени циклуси на обука и изрази верување дека тој број ќе се зголеми во иднина.

Тој, исто така, објасни дека принципот на аплицирање за доброволна воена служба е со јавно објавување.

– За време на обуката војниците стекнуваат знаење и вештини потребни за извршување на должностите во единиците на Армијата при воена или вонредна состојба, истакна Волков.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора