Црна Гора: Нострификацијата на дипломите од регионот блокирана три месеци

Од:

Во Црна Гора од јули не се издаваат нострифицирани дипломи на дипломиците од приватните факултети во регионот, поради одлуката на министерот за образование Дамир Сашевич да ги заостри контролите за добивање на сертификати за образование надвор од таа земја.

Министерството за образование објави дека дипломите од приватни факултети се во процедура и дека е неопходна сериозна контрола на квалитетот, објави весникот „Дан“.
Тие наведуваат дека планот е во еден дел да се смени Законот за признавање странски образовни документи.

„Јавноста ќе биде навремено информирана откако ќе се знаат деталите. Но, независно од овие измени, ние имаме обврска да ги следиме процедурите за признавање, кои понекогаш, доколку сакате да ги почитувате, одземаат повеќе време“, посочува црногорското Министерство за образование.

Според последните податоци на Министерството за образование, околу 100 дипломи од регионот се одбиени во изминатите две години, главно затоа што постоело сомневање дека станува збор за фалсификуван документ или дека е издадена од нелиценцирана институција.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора