Црна Гора најрано во ЕУ во 2020 година

Од:

Пристапните преговори на Црна Гора ќе траат најмалку осум години, односно таа држава може да биде примена во ЕУ најрано во 2020 година, изјави за весникот „Дан“ директорот на Одделението за надворешна политика на ЕУ во Центарот за европски политички студии Стивен Блокманс.

„Црна Гора би можела да стане полноправна членка на ЕУ во периодот меѓу 2020 и 2022 година“, бидејќи нејзиниот преговарачки процес ќе трае слично како и во Хрватска, нагласи тој.

Блокманс за весникот „Дан“ рече дека Црна Гора ќе може да и се приклучи на Унијата, доколку успее ефикасно да ги спроведе сите реформи кои ги налага ЕУ во претпристапниот процес.

Тој укажа дека постојат примери каде пристапните преговори со некои земји уште подолго траеле, додавајќи дека преговорите на ЕУ со Црна Гора, според неговата прогноза, ќе траат од осум до десет години.

„Еу би требало да остане посветена на политиката на проширување и оние земји кандидати кои почнале преговори, треба да ги завршат“, рече Блокманс.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Црна Гора може да смета на безрезервна поддршка на Париз за време на целиот преговарачки процес со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора