Црна Гора избира нова Влада

Од:

Во Цетиње денеска ќе се одржи седница на Парламентот на Црна Гора, на која треба да се избере нова малцинска влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ.

Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.

– Пратениците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави пратеникот на оваа алијанса, Славен Радуновиќ.

Црногорскиот Парламент денеска треба да избере и претседател на Собранието, јави МИНА.

Претходно, претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ беше сменет на 7 февруари. Потпретседателот и претседавач на Собранието, Страхиња Булајиќ поднесе оставка на 20 април.

На дневниот ред на седницата се и предложените измени на законот за акцизите и данокот на додадена вредност, како и предлог законот за привремени мерки за ограничување на цените на производите, што се од посебно значење за животот и за здравјето на луѓето.

Последната точка на седницата се изборите и именувањата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски