Црна Гора ги укина скоро сите рестриктивни мерки, бројот на болни преполовен за еден месец

Од:

Здравствените власти на Црна Гора денеска, еден месец по воведувањето на строгите епидемиолошки мерки, одлучија да го вратат животот речиси целосно во нормала со укинување на повеќето рестриктивни мерки.

Како што беше најавено на прес-конференција, од утре угостителските објекти повторно ќе можат да работат до 23 часот, а продавниците и комерцијалните активности ќе бидат отворени до 22 часот, се отвораат и училиштата и градинките и образовните и културните институции.

Исто така повторно се отвораат и фитнес и трговските центри, како и обложувалниците.

Мерката за полициски час останува на сила од полноќ до 5 часот наутро, потоа забраната за движење меѓу општините за време на викендите и обврската да се носат заштитни маски на отворено и во затворен простор.

Строгите епидемиолошки мерки воведени од Црна Гора кон средината на март, кои вклучуваа полициски час од 21 до 5 часот наутро, затворање на училишта и градинки, забрана за движење меѓу општините и затворање на детски игралишта и трговски центри, дадоа резултати и бројот на активни случаи е преполовен.

Особено се забележува пад на бројот на пациенти на дневна основа, кој последните денови падна под 200.

За споредба, во првите три месеци од годинава, просечниот број на пациенти на дневна основа беше поголем од 500, што е близу 0,1 процент од населението во земјата, а според овој параметар, Црна Гора беше меѓу водечките земји во светот.

Вакцинацијата во Црна Гора почна на 20 февруари со донирани вакцини Спутник В од Србија. До крајот на месецот, црногорските здравствени власти очекуваат уште 200.000 кинески вакцини и нови дози на Астра Зенека, кога ќе започне процесот на масовна вакцинација.

Досега вакцина примиле нешто повеќе од осум проценти од црногорското население. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај повеќе од 95.000 Црногорци или 15 проценти од населението во земјата.

Од Ковид-19 во Црна Гора досега починале вкупно 1.412 лица.

Би можело да ве интересира

Кипар воведува CoronaPass задолжителен за угостителски објекти, молови, хотели, цркви

Ана Ололовска

Борел: Со сегашното темпо, светот нема да се вакцинира пред 2023 година

Ана Ололовска

Кога ќе ги фрлиме маските? Првиот човек на „Бионтек“ го даде своето предвидување

Жарко Настоски

Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ во една доза, тврди дека е 80 отсто ефикасна

Жарко Настоски

Би-Би-Си: Коронавирус и вакцинацијата во Србија – Од вол на ражен преку преку велигденски бонуси и ваучери

Ана Ололовска

Франција започнува вакцинација на малолетни лица од 16 и 17 години со ризик од тешки болести

Ана Ололовска