Ципрас претстави алтернативен план за економијата и општеството

Од:

Праведен развој со поддршка на истражувањето, иновациите, обновливите извори на енергија, на дигитална економија; градење нова социјална држава; дигитализација на јавната и проширување на индивидуалните права и слободи и безбедност за сите граѓани, се четирите точки на алтернативниот план за економијата и општеството на опозициската СИРИЗА, што го претстави лидерот на партијата и поранешен премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на Меѓународниот саем во Солун.

-За овој прогресивен политички план, за оваа стратегија, со цел земјата да продолжи да оди напред, пат одреден за време на нашата влада, ние сме тука. Тука сме за да се бориме заедно со народот, заедно со демократските и прогресивни граѓани на земјата. А во овој план Солун и северна Грција имаат посебна главна улога, рече Ципрас.

Во говорот што траеше речиси 75 минути, под слоганот „Тука сме“, поранешниот грчки премиер потсети што постигнала неговата влада во изминатите четири и пол години, го спомена намалувањето на невработеноста, намалувањето на примарниот суфицит, излезот од меморандумите, позитивните мерки што ги воведоа како влада, рече дека земјата за прв пат по 10 години успеа да застане на свои нозе.

-Тука сме, само два месеци по тешката изборна битка. Но, тука сме и после четири и пол години борби за да ја задржиме Грција исправена. Да го задржиме општеството исправено. Па така, повторно сме тука за општеството, за напредокот, за демократијата, за Грција. И јас сум лично повторно сум овде, на истото место каде што се најдов во критичните, историски моменти за татковината, но и за левицата, за прогресивната партија, рече поранешниот грчки премиер.

Тој говореше и за економијата, за тоа каква била сликата на Грција пред СИРИЗА да дојде на власт, каква е сега, говореше за сите внатрешно-политички прашања, за бегалскиот проблем, за надворешната политика, а најмногу овации и аплаузи од присутните предизвика делот од говорот посветен на Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Упати критики до новата грчка власт, но беше и автокритичен, осврнувајќи се на грешките што СИРИЗА ги направила како влада.

-Секако дека направивме грешки. Секако дека постојат работи што можевме да ги направиме подобро, побрзо и порешително, истакна Ципрас и спомена неколку примери во кои смета дека СИРИЗА направила грешки.

Ципрас рече дека сега земјата има нова влада, но има и една многу силна опозиција, која е тука „да контролира, да предлага, да се бори и да дава отпор“.

Во однос на бегалското/мигрантското прашање, поранешниот грчки премиер рече дека и во ова прашање се видела хипокризијата и демагогијата на новата влада.

-Хипокризијата и демагогијата на НД стануваат очигледни пред сѐ во бегалското прашање. Сега кога откри дека бегалските бранови не се резултат на неспособноста на СИРИЗА, туку дека е геополитичко прашање. Сега го сфаќаат проблемот. Им посакуваме добредојде во реалноста. И секако, откако прво дозволи да поминат два месеци на целосна неактивност. И откако бројот на бегалци во Мориа двојно се зголеми во споредба со ситуацијата што ја оставивме со организираната и многу упорна, тешка и мачна работа што ја направивме. И откако условите за сите станаа мизерни. Демагогијата на Нова демократија во бегалското прашање веќе се сврти против нив, истакна лидерот на СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен