Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа

Од:

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит „за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Ципрас утрово се сретна со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина, а по средбата според она што го објави на социјалните мрежи, разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата, но и за Договорот од Преспа.

-Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да придонесеме за мирен соживот и борбата против национализмот што ги дели народите и предизвикува војни и конфликти, бевме на вистинската страна на историјата, напиша Ципрас на Фејсбук.

Паралелно, му се заблагодарил и за неговата „сурова искреност во неговите говори и за непоколебливата одбрана на човековите права и социјалната правда“.

-Имав можност да разговарам со него за лицемерието на владите на ЕУ кон човечката драма на бегалците и мигрантите, каде што зборуваат за човековите во време додека градат огради и отфрлаат каква било легална миграциска рута. Но и за проширувањето на нееднаквостите, сиромаштијата и социјалната исклученост во целиот свет, за алчноста на развиениот свет кон третиот свет, со одбивањето да се укине патентот за вакцините што ќе овозможи масовна вакцинација на стотици милиони граѓани, истакна Ципрас.

Би можело да ве интересира

Ковачевски – Фрагојанис: Односите со Грција се издигнуваат во стратешко партнерство за силно економско поврзување

А1он

Односите меѓу С. Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година

Ана Ололовска

Радев до Мицотакис: Договорот од Преспа и Договорот за пријателство да станат дел од преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ

А1он

Дендиас: Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но договорите мора да се почитуваат

Ана Ололовска

Иконому: Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на Меморандумите со С. Македонија

Ана Ололовска

Пендаровски: Добив потврда дека Грција го почитува Договорот од Преспа и сака целосна имплементација

А1он