Ципрас: Мицотакис им должи извинување на Грците што ги измами и ги наполни со лаги, омраза и поделби за Договорот од Преспа

Од:

Кога го решивме проблемот со северните соседи, одбраа да ја кренат земјата на нозе, а сега премиерот на Северна Македонија ги фали за нивното верно почитување на Договорот од Преспа, ја поздравувам промената на ставот на Мицотакис, но им должи извинување на Грците, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, говорејќи од Солун на „Thessaloniki Helexpo Forum“, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот на говорот, Ципрас се осврна на Договорот од Преспа и на ставот што актуелниот грчки премиер го имаше додека беше во опозиција.

-Кога го решивме, како што наметнаа интересите на нашата земја, долгогодишното нерешено прашање со нашите северни соседи со Договорот од Преспа, одбраа да ја кренат земјата на нозе. Денес премиерот на Северна Македонија ги фали за верното почитување на договорот од нивна страна. Господинот Мицотакис, не само што се сретнува со него, а велеше дека никогаш нема се сретне, туку и се бори за спроведување на Договорот. Јас ја поздравувам промената на ставот на господинот Мицотакис, бидејќи ѝ служи на националниот интерес, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, кој заедно со Заев ја одиграа клучната улога во постигнувањето на Договорот од Преспа истакна дека Мицотакис им должи извинување на сите Грци „кои ги измами“, односно „извинување што партијата ја стави над татковината и ги наполни Грците со лаги, омраза и поделби“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Ковачевски – Фрагојанис: Односите со Грција се издигнуваат во стратешко партнерство за силно економско поврзување

А1он

Односите меѓу С. Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година

Ана Ололовска