Ципрас ја потенцира неопходноста од завршување на политиката на штедење во Европа

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред новинарите во Брисел денеска ја потенцира неопходноста од завршување на политиката на штедење во Европа, пренесе ТАСС.

– Неопходно е да заврши штедењето во Европа, а во Грција треба да се надмине хуманитарната криза, посочи Ципрас, кој денеска пристигна во Брисел на самитот на ЕУ.

Ципрас изрази увереност дека Грција, заедно со Европејците, ќе успее да ги надмине финансиските проблеми без враќање кон политиката на „затегнување на ремените“.

– Уверен сум дека заедно ќе можеме да најдеме заемно прифатливо решение, така што ќе ги излекуваме раните предизвикани од мерките за штедење, ќе ја надминеме хуманитарната криза во Грција и другите земји од Европската унија и ќе ја вратиме Европа на патот на социјалното сплотување, подвлече грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит